За време на четиригодишното образование учениците од профилот гинеколошко – акушерска сестра се стекнуваат со знаења од општообразовните предмети, стручните предмети, практични знаења и вештини. На тој начин учениците стекнуваат посебна одговорност за грижата на човекот и неговото здравје, се запознаваат со општите начела и правила на гинеколошко – акушерската сестра, како и сите улоги што ги има таа и правилниот однос кон пациентите. По завршувањето на образованието, учениците од профилот гинеколошко – акушерска сестра, имаат можност да се вработат во здравствени институции во рамките на здравствената заштита. Исто така, можат да го продолжат своето образование на факултетите за медицински науки. Практичната настава започнува во втора година и истата се изведува во специјално опремен кабинет од доменот на медицината, а потоа во општата болница ЈЗУ Клиничка болница „Др.Трифун Пановски“ – Битола.
Предвидена е феријална пракса.
Преку практичната настава учениците се стекнуваат со следниве знаења:
-подготвува услови за работа во медицинска установа;
-подготвува медицински инструменти, опрема, прибор, апаратура и простор за реализација на здравствена манипулација;
-организира и спроведува здравствена нега од областа на гинекологијата и акушерството во системот на примарната, секундарната и терциерната здравствена заштита;
-асистира на гинекологот при извршување на гинеколошкиот преглед;
-врши интервенции кои гинекологот ги налага;
-припрема родилен бокс за породување;
-учествува во породување на пациентката;
-следи состојба на пациентката во сите родилни фази;
-згрижува новородено.

Гинеколошкото – акушерската сестра е здравствен работник кој применува здравствена нега во примарната, секундарната и терциерната здравствена заштита на женската популација. Во нејзиниот домен на работа спаѓа: планирање, организирање и реализирање на дијагностички и тераписки манипулации, како дел од здравствен тим. Активно учествува во процесот на пренаталната, перинаталната и постнаталната заштита на родилката и новороденото. Делува на ниво на здравствена едукација на женската популација со цел превенција на СПБ и малигни заболувања. Има навремен, совесен и одговорен пристап кон пациентите и истовремено се стреми кон личен и професионален развој.




















