Нашите ученици повторно носат награди! ![]()
Пред точно 10 дена, ученичките од втора година Ана Јовановска, Теодора Јовановска, Сара Богоевска и Симона Христовска, под менторство на професорката Славка Каркамишевска, го освоија првото место на натпреварот за финансиска писменост, кој во организација на ЦЕФЕ Македонија се одржа во просториите на Универзитетот ,,св. Апостол Павле’’ во Охрид.
Им благодариме на организаторите и со нетрпение го очекуваме следниот ваков натпревар ![]()
![]()
![]()



Регионален натпревар по англиски јазик
Во организација на ELTAM MK. Нашите ученици, Бојана Илијоска од прва година, под менторство на професорката Марија Ивановска, и Андреа Кебаковска и Јована Лозеска од втора година, под менторство на професорката Лилјана Билјановска, освоија второ место и сите продолжуваат на државниот натпревар. Congratulations, and best of luck at the State competition !

Светски ден на здравјето
Како средно медицинско училиште, секојдневно, а особено денес на 7 април – Светскиот ден на здравјето, се посветуваме на подигањето на свеста за здравјето на луѓето. „Вашето здравје е ваше право”! Право има секој, секаде да има пристап до квалитетни здравствени услуги, образование и информации, како и безбедна вода за пиење, чист воздух, добра исхрана, квалитетно домување, пристојни работни и еколошки услови и слобода од дискриминација.
Овој ден им го честитаме на сите здравствени работници за клучната улога што ја играат во одржувањето на нашето здравје.

Светски ден на аутизмот
Светскиот ден на аутизмот се одбележува на 2 април во последните петнаесет години. Целта на одбележувањето на овој датум е да се помогне и да се зголеми разбирањето на лицата со аутизам, обезбедувајќи им поддршка ширум светот за да можат да го постигнат својот максимален потенцијал во поглед на нивната здравствена состојба.
Аутизмот, или нарушувањето на спектарот на аутизмот, се однесува на широк опсег на состојби кои се карактеризираат со нарушувања во социјалните вештини и комуникацијата, повторувачко однесување, промени во говорот и невербална комуникација. Начините на кои лицата со аутизам учат, размислуваат и решаваат проблеми може да варираат од високо квалификувани до тешки предизвици.
Некои лица со аутизам може да имаат потреба од значителна поддршка во секојдневниот живот, некои од помалку поддршка, додека во некои случаи, тие живеат целосно независно. Знаците на аутизам обично се појавуваат во втората или третата година од животот. Некои поврзани доцнења во развојот може да се појават порано и често може да се дијагностицираат уште на 18 месеци. Истражувањата покажуваат дека раната интервенција води до позитивни резултати подоцна во животот за лицата со аутизам.











