Овој патронен празник ги славевме почетоците на цела една приказна за хуманост, лекување и помагање. Слушнавме и видовме каде и од кога започнале да работат првите стоматолози, медицински сестри, фармацевти, техничари за очна оптика, физиотерапевти, акушерки. Ги слушнавме имињата на пионерите кои го отворија патот кон подобрување на најразлични состојби на населението, откривање, дијагностицирање или третман на болести. На сите им оддадовме почит за да станеме свесни колку нивниот пат бил потежок од нашиот сега, но колку биле храбри, упорни и желни за знаење и давање стручна помош. Со текот на вековите сфаќаме дека исчезнуваат земските нешта, а остануваат БЕЗВРЕМЕНСКИТЕ ЗНАЧЕЊА.























