По повод одбележување на Недела на борба против срцевосадови заболувања, учениците од медицинско училиште заедно со професорките Андријана Пашоска и Марија Илиевска подаруваа флаери со порака за подобро здравје. Да се зголеми физичката активност, да се откажат цигарите и пред сѐ да се консумира здрава храна. А со прошетки во природа да го намалиме стресот и да уживаме во животот.















