За време на четиригодишното образование учениците од профилот медицинска сестра се стекнуваат со знаења од општообразовните предмети, стручните предмети, практични знаења и вештини. На тој начин учениците стекнуваат посебна одговорност за грижата на човекот и неговото здравје, се запознаваат со општите начела и правила на медицинската сестра, како и сите улоги што ги има таа и правилниот однос кон пациентите. По завршувањето на образованието, учениците од профилот медицинска сестра, имаат можност да се вработат во здравствени институции во рамките на примарната, секундарната и терциерната здравствена заштита. Исто така можат да го продолжат своето образование на факултетите за медицински науки. Практичната настава започнува во втора година и истата се изведува во специјално опремен кабинет од доменот на медицината, а потоа во општата болница ЈЗУ Клиничка болница „Др.Трифун Пановски“ – Битола.
Предвидена е феријална пракса.
Преку практичната настава учениците се стекнуваат со следниве знаења:
-спроведува нега на болните и изнемоштените;
-ги набљудува континуирано болните;
-применува превентивни мерки за заштита и унапредување на здравјето;
-применува медицинско – технички манупулации;
-зема крв и излачевини за дијагностика,
-администрира, евидентира и обработува податоци;
-организира и учествува во здравствена едукција;
– ги усмерува пациентите.
Медицинска сестра е здравстевен работник кој применува општа и специјална здравстена нега во превентивни цели кај здраво население, како и кај болни во дијагностички, терапевтски и рехабилитациони цели во примарна, секундарна и терциерна здравствена заштита. Тераписките постапки се индицирани од страна на високо образовен медицински работник и води работна документација. Здравствениот работник учествува во планирање и организирање на работата во здравствената установа и ги координира активностите со здравствениот тим, пациент и семејство, проценува општа здравствена состојба на пациент. Организира и спроведува систематски и превентивни прегледи, домашна посета, вакцинација, општа и специјална нега на пациент, како дел од здравстен тим. При тоа, требува, складира и аплицира крв, крвни деривати и медикаменти, зема биолошки материјал за дијагностика по налог на лекар. Ракува со основна медицинска апаратура и инструменти, медицински материјали и средства за заштита. Составен дел од неговата работа е спроведување на здравствена едукација која има за цел: чување, унапредување и заштита на здравјето, како и превенција и полесно справување со болест.

























