







На 9.4.2024 година во нашето училиште, на наше големо задоволство и придобивка за учениците, се одржа работилница предводена од примариус доцент доктор Данчо Бизевски и доктор Енес Бајрамов.
Во првиот дел, теоретски беа изнесени причините и последиците од губење на заби, како и современите можности за санирање на настанатата беззабост.
Вториот практичен ден се состоеше од правила и принципи за однесување во операциона сала, комуникација на доктор и сестра и важноста во интердисциплинарниот пристап со почитување на правилата на асепса, а потоа практично беа прикажани чекорите на санирање на тотална беззабост со поставување на забен имплант на кадаверична коска од домашно животно.
Третиот дел од практичната обука се состоеше од земање на отпечаток преку поставените импланти и добивање работен модел, излеан во заботехничката лабораторија.
Активното учество, задоволството и интересот на учениците беа на највисоко ниво, како и практичните вештини со кои се стекнаа и учениците од насоката медицинска сестра и насоката забен техничар. Голема благодарност до доцент доктор Данчо Бизевски и доктор Енес Бајрамов, MИТ Универзитетот и Македонското Импланталошко Здружение, со искрена отвореност и надеж за уште поуспешни соработки во иднина на заедничко задоволство.









