






29 февруари или Меѓународниот ден на ретки болести во светот
Ретки болести се оние кои се јавуваат кај помалку од пет лица на 10.000 жители. Денеска знаеме повеќе од 7.000 различни дијагнози во светот, а тој број сè уште расте. Затоа, предизвиците во однос на грижата за ваквите пациенти се јасни: од самата дијагноза, која воопшто не е едноставна, а често е долготрајна и исцрпувачка за пациентите и нивните лекари, преку недостатокот на информации и позитивна пракса по поставувањето на дијагнозата, сè до психосоцијална поддршка во текот на целиот процес. Поради сето ова, важно е да постои Меѓународен ден за ретки болести, кој може да го привлече вниманието на јавноста кон овој битен здравствен проблем.
Учениците од нашето училиште го одбележаа овој ден и ја постигнаа целта, подигање на јавната свест за ретките болести и олеснување на предизвиците со кои се соочуваат пациентите.









