Секоја година во светот заболуваат милиони луѓе од некој вид на малигно заболување. Според Светската здравствена организација многу од нив би се спречиле или навремено би се откриле доколку се применат превентивни мерки, како систематски прегледи и промена на животните навики.
Оваа година ученици од IV година ја одбележаа неделата на борба против ракот со ракотворби кои им ги даруваа на минувачите со цел да се прегледуваат и да применат здрав живот.


















