Драги деветтоодделенци,
Вашата иднина започнува сега! Вратите на нашето училиште се широко отворени за вас, и со нетрпение ги очекуваме идните генерации во бели мантили – генерации што ќе бидат симбол на знаење, посветеност и хуманост. Ако сонувате да станете дел од здравствениот сектор, ова е вашата шанса да го направите првиот чекор кон таа цел.
🗓 Конкурсни рокови за упис (2026/2027):
Информација за електронски упис за учебната 2026/2027 година на ученици во прва година во средно образование
Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до системот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk/ со посебна најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk.
* Првото електронско пријавување на учениците ќе се врши од 00:00 часот на 12 јуни до 23:59 часот на 15 јуни 2026 година.
– Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 16 јуни 2026 година од 08.00 часот до 19.00 часот и 17 јуни 2026 година од 08.00 часот до 17.00 часот.
– Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ја објавува на 18 јуни 2026 година, најдоцна до 12.00 часот, на јавно место во училиштето или на училишната интернет страница.
✨УПИСИ МЕДИЦИНСКО 2026✨
КОНКУРСНИ РОКОВИ
Пријавувањето на учениците ќе се врши електронски преку порталот Uslugi.gov.mk со посебна најава за ученици преку сопствените кориснички сметки на schools.mk
🗓️ ЈУНСКИ УПИСЕН РОК:
🔴 Првото електронско пријавување на учениците ќе се врши од 00:00 часот на 12 јуни до 23:59 часот на 15 јуни 2026 година.
Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ја објавува на 18 јуни 2026 година, најдоцна до 12.00 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет
страница.
Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 16 јуни 2026 година од 08.00 часот до 19.00 часот и 17 јуни 2026 година од 08.00 часот до 15.00 часот.

Како дополнителна стимулација за изберор на стручното образование, е воведувањето на концептот на дуално образование кој е доста интересен за младите, со стипендирање на средношколците.
👉 Пријавувањето е онлајн, но можете да се пријавите и директно во нашето училиште.
📄 Потребни документи за упис во средно училиште (2025/2026):
- ✅ Свидетелства од VI до IX одделение – оригинали
- ✅ Извод од матична книга на родени
- ✅ Диплома за освоено прво, второ или трето место (ако има)
- ✅ Пријава за упис (се добива при аплицирање)
‼ Важно: Ажурирајте ја вашата @schools.mk сметка
Ве молиме да ги ажурирате вашите кориснички сметки на schools.mk, преку основното училиште од кое доаѓате. Ова е потребно за успешно пријавување.
Ние ви стоиме на располагање за:
✔ пресметување на поените
✔ помош при избор на професија
✔ дополнителни информации и совети
📥 Онлајн пријавување – чекор по чекор:
- 🟢 Кликнете: https://e-uslugi.mon.gov.mk
- 🟢 Логирајте се со вашата @schools.mk сметка
- 🟢 📤 Пополнете ги податоците и прикачете ги документите:
- Свидетелства од VI до IX одделение
- Извод од матична книга на родени
- Дипломи (ако има)
- 🟢 Притиснете „Аплицирај“
- 🟢 Испечатете ја потврдата и приложете ја во училиштето
📝 Документите треба претходно да бидат скенирани или фотографирани и читливо прикачени при аплицирањето.
📊 Пресметување на поени
пресметај
За повеќе информации, посетете ја нашата веб-страница или дојдете лично во училиштето.









