Преку практичната настава учениците се стекнуваат со следниве знаења:
Низ четиригодишно образование учениците од профилот фармацевтски техничар се стекнуваат со знаења по општообразовните, стручните предмети и практични умеења и вештини. По завршувањето на училиштето ученикот има можност да работи како фармацевтски техничар во аптека, болничка аптека, во одредени оддели во болница, лабораторија или да го продолжи своето образование на фарацевтскиот факултет или медицинските факултети. Практичната настава започнува во втора година. Се изведува во лабораторија и во кабинети кои се опремени со потребните прибори и апаратури за соодветните стручни предмети, во завршните години дел од праксата учениците ја изведуваат и во аптека.
Предвидена е феријална пракса.
-Работа со лабораториски и аптекарски прибор;
-Подготвка на реагенси, раствори;
-Пребарување и употреба на фармакопеа;
-Идентификација, одредување на чистота на соединенија, како и нивна примена;
-Изработка на магистрални препарати за надворешна и внатрешна употреба (изработка на креми за раце, павловиќева маст, гроздова маст, вода од нане, течна пудра);
-Сигнатура на препаратите;
-Микроскопска и макроскопска идентификација на дроги и друго;
-Изучување на хранливите состојки од храната, принципи на правилна и последици од неправилна исхрана.

Фармацевтскиот техничар ќе изработува лекови и други фармацевтски соединенија под водство на фармацевт; ќе прави нарачка, прием, облежување, дефектирање, складирање и чување лекови, суровини, амбалажа и други залихи; ќе учествува во фармаковигиланца, истражувања, контроли и испитување на квалитет и издавање, продавање и давање совети за ОТС препарати, суплименти, чаеви, диететика, козметика, санитетски материјал, медицински апарати и помагала и др. Евидентира, обработува, анализа и документира податоци и правење пресметки, согласно со работните задачи. Фармацевтскиот техничар распоредува и врши надзор над работници, изведува и врши надзор над технолошките фази во фармацевтско и козметичко производство, обезбедува чистота и исправност на апаратурата и инвенратор, известува за неправилности и решава проблеми на работното место, со примена на соодветни стандарди и прописи, почитувајќи ги принципите за заштита на здравјето и животната средина. Ги познава и почитува прописите, процедурите и законите од соодветната област, посебно безбедност при работа и заштита на животната средина.





















