| Содржина на активностите | Време на реализација | Задолжени за реализација |
| Превентивни систематски прегледи на учениците | според планот на здравствената установа | лекари, наставници, раководители,педагог и родители |
| Вакцинација на учениците | според планот на здравствената установа | лекари, наставници,педагог раководители и родители |
| Крводарителски акции | Според планот на Црвениот крст на РМ | лекари, наставници, раководители |
| Противепидемиолошкимерки | по потреба | сите вработени со стручни служби |
| Одржување на хигиена во училиштето | цела учебна година | технички персонал, сите вработени и учениците |
| Одржување на личната хигиена | цела учебна година | сите вработени |
| Предавања за заштита од заразни болести и болести на зависност | во текот на учебната година | стручни лица и наставници |
Поддршката на учениците се испреплетува низ низа активности кои училиштето ги презема за да помогне во градењето на здрава, едуцирана личност која во животот ќе чекори кон своите цели.
–Постигнување на учениците
На училишниот успех во ОСМУ “ Д-р Јован Калаузи,, се посветува посебно внимание а чекор кон подобрување на иститот се анализите кои ги прави училишната стручна служба во текот на сите квалификацини периоди на учебната година и кои потоа се предмет на поопсежни анализи во рамки на стручните активи. Значајно е тоа што на успехот не се гледа само како на кванитативно постигнување туку анализите се намерени да дадат квалитативна слика на постигањата.
–Превентивни програми Болести на зависност
Поради континуирано превенирање од предизвиците кои ги носи модерното општество во контекст на болести на зависност со кои се соочува популацијата, а имајќи го во вид фактот дека секое медицинско лице има морално – етичка обврска да ги вложи своите капацитети посебно во превенцијата, се залагаме за осмислување и спроведување на повеќе програмски цели во таа насока.
Превенција од насилство, педофилија и злоупотреба и занемарување на децата,
Како воспитно-образовна институција ОСМУ “ Д-р Јован Калаузи “ ќе продолжи со сериозно внимание да ги почитува препораките од Владата на РСМ и ќе ги следи сите пропишани протоколи кои ќе водат до заштита и надминување на потешкотиите од ваков вид со поддршка на системско решавање на вакви проблеми.
Сите форми на насилство, злоупотреба и занемарување на децата, кои потенцијално го загрозуваат или го нарушуваат физичкиот, психичкиот и моралниот интегритет на личноста на детето, претставуваат повреда на основните права на детето содржани во Конвенцијата на Обединетите Нации за правата на детето, а тоа претставува правото на живот, опстанок и развој.
Превенција од малолетничка деликвенција и меѓуврсничко насилство (булинг)
Уште еден негативен “ феномен “ кој го обременува животот на учениците и кој е се поизразен во нашите средини. Училиштето сериозно посветува внимание на ваквите појави и оваа учебна година ќе продолжи со активности кои опфаќаат едукација и мерки како истото да се превенира и спречи.









