Техничар за очна оптика е образовен профил од струката лични услуги. За време на четиригодишното образование учениците од профилот техничар за очна оптика се стекнуваат со знаења од општообразовните предмети, стручните предмети (се изучува окото и видот од неколку аспекти – медицински и оптички), практични знаења и вештини. На тој начин учениците стекнуваат посебна одговорност за грижата на човекот и здравјето на окото, се запознаваат со општите начела и правила на техничарот за очна оптика како и сите улоги што ги има тој и правилниот однос кон клиентот. По завршувањето на образованието учениците од профилот техничар за очна оптика имаат можност да се вработат во очни оптики. Исто така можат да го продолжат своето образование на факултетите за медицински науки. Практичната настава започнува во втора година и истата се изведува во специјално опремен кабинет од доменот на очната оптика.
Предвидена е феријална пракса.
Стручниот тим ги оспособува идните техничари за очна оптика :
-подготовка и изработка на оптички ортопедски помагала;
-да одредуваат острина на вид и нејзини параметри;
-да вршат контрола на диоптриска вредност;
-да прегледуваат, поправаат очила и да ги отстрануваат грешките;
-да вградуваат леќи во пластични и метални рамки;
-изработуваат леќи од пластика и специјални видови стакла;
-вршат центрирање, мерење, оцртување и режење на бифокални, мултифокални, призматични и специјални леќи;
-изработуваат рачно и машински шаблони за автоматско брусење на леќи;
-знааат да читаат и толкуваат лекарски рецепти.

Квалификацијата му обезбедува на ученикот знаења, вештини и компетенции за самостојно мерење на диоптрија на оптички стакла и контактни леќи, изработка, поправка и продажба на различни видови очила, како оптичко помагало или моден детаљ и во асистенција на оптометристот или офталмологот при мерење на параметрите на видот по барање на клентот. Квалификацијата овозможува стекнување знаења и вештини за замостојно читање, пополнување и толкување на работна документација, водење евиденција и организирање на работата во безбедни услови, подготовка и користење на различни оптички инструменти, материјали, прибор и алат за работа, поседување на претприемачки вештини и способности за тимска работа, комуникација со клиенти, соработници и деловни партнери со користење стручна терминологија.




















