Со куќен ред на Училиштето се регулира редот, дисциплината, односите меѓу учениците, наставниците и наставата во Училиштето. Според Законот за средно образование, како и Статуот на Училиштето, учениците имаат права кои ги остваруваат преку наставата и другите облици на воспитна-образовна работа, а истовремено имаат и обврски кои што треба да ги исполнуваат и почитуваат.
- Училиштето работи во две смени. Прва смена од 7:15 – 13:15, втора смена од 13:30 – 19:15.
- Учениците доаѓаат на настава најдоцна пет минути пред почетокот нанаставата.
- По завршувањето на наставата учениците ја напуштаат училишната зграда, освен во случај на воннаставни активности.
- Учениците не минуваат низ службениот влез на училиштето.
- Сите потреби од административен карактер учениците ги остваруваат исклучиво преку класните раководители (потврди, уверенија и сл.)
- Ученикот како субјект во воспитно-образовниот процес да има јасна слика за својата положба и улога во училиштето и да ги знае своите права и одговорности и да се прилагодува на новите барања.
- Учениците да ги почитуваат законските одредби и одлуките на органите во училиштето и пошироко.
- Секогаш да служи како пример со својот изглед и однесување и да формира културни и естетски навики, да внимава на својот морален лик.
- Да се почитуваат аргументите на другите и да не се даваат непристојни коментари.
- Секој ученик треба да биде ценет како личност без оглед на неговите способности, талент, пол, раса, култура, традиции, националност, вероисповед и социјална положба.
- Ученикот да има совесен, одговорен и хуман однос кон сите во Училиштето.
- Да ја почитува личноста на своите соученици, наставници и родители ида ја цени меѓусебната зависност на индивидуи и групи.









