МИСИЈА на училиштето
ОСМУ Д-р Јован Калаузи врши четиригодишна средно стручна едукација на кадри од областа на здравството , преку оспособување за стекнување на знаења од општообразовни и стручни наставни предмети, како и примена на стекнатите практични умеења и вештини во професионалната работа и натамошното образование.
ОСМУ “ Д-р Јован Калаузи “ – е училиште кое им овозможува на своите ученици да се оформат со квалитетен кадар со високоразвиена свест за меѓуетничка толеранција кој ќе може да одговори на потребите на пазарот на трудот. Оние ученици, кои решиле да го продолжат своето образование на високо образовните институции во земјата и странство, ги подготвуваме активно да се вклопат во современите едукативни токови.
Нашиот високообразовен кадар работи во современи услови и користи најсовремени методи за учење и работа. Со тоа, учениците не се само стручно оспособени туку кај нив се развиваат и комуникациските вештини,
мултикулурализмот како и вештините за превеземање ризик и донесување одлуки.
ВИЗИЈА
Ако ,, Знаењето е моќ, здравјето најголемо богатство,, , нашето Училиште ќе се стреми кон реализирање на најсовремени стандарди на едукација на учениците и нивен развој во компетентни личности, подготвени да се соочат со предизвиците на новото време и барањата на пазарот на трудот.
За реализација на поставената визија треба да се реализираат низа активности кои ќе дадат резултат во наредните години. Визијата не се состои во еднаш испланирани активности, туку тие континуирано се планираат и реализираат.
Развојот на нашето училиште во согласнот со Програмата за развој на училиштето го гледаме во достигнување на стандардите на еден ефикасен, ефективен и модерен училиштен центар кој ќе нуди широк спектар на
образовни и друг тип на услуги за учениците, граѓанството и регионот во целина, ќе го негува мултикултурализмот и меѓуетничка толеранција.
Сето ова ќе се овозможи под вoдство на моќен и ефективен менаџмент со развиени претприемачки способности, ефикасна организациска поставеност со флексибилност и мобилност во поглед на работните задачи и задолженија на вработените кои одговоараат на секој предизвик на училиштето во целост.









