Италија – живеевме сон! Се вративме полни со спомени, приказни и енергија од нашата средношколска екскурзија во Италија! Од кралицата на модата – Милано, до романтичната Венеција – секој ден беше ново доживување. Со многу нови знаења и незаборавни спомени, нашите ученици се вратија од своето бајковито италијанско патување! Смеа, дружба, учење и мали авантури – токму тоа е формулата за совршено патување!



















Изведена еднодневна стручно-едукативна екскурзија со посета на Фармацевтскиот оддел при „Жан Митрев Клиника“ – Скопје
Со оваа еднодневна екскурзија, учениците имаа можност за првпат да ја посетат и да се запознаат со една од најдобро функционалните болнички аптеки во нашата држава. Тие имаа уникатна можност да се запознаат со начинот на работа на болничката аптека, системот на нејзиното функционирање, кадарот кој управува со активностите во неа, како и со тоа што ја прави различна од другите болнички аптеки.
Учениците од IV година од Општинското средно медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ од Битола имаа можност да ја посетат Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и одблиску да се запознаат со нејзиниот современ начин на работа. Водени од главните медицински сестри од различни оддели, тие направија обиколка низ болницата, каде што имаа можност да се запознаат со врвната медицинска технологија, организацијата на одделите и професионалниот медицински персонал.
Екскурзијата во Охрид за учениците од прва година имаше воспитно историско-културен карактер, со цел да се запознае културното наследство на градот. Посетени беа Самуиловата тврдина, изградена од Цар Самоил, црквата Богородица Перивлепта, античкиот театар и Плаошник.
На ден 4.12 и 5.12.2024 година, учениците од IV4 и IV5, од смерот медицинска сестра и III6, од смерот гинеколошко-акушерска сестра, заедно со стручните наставници Билјана Патчева, Оливера Јовановска и Кристина Стевановска, реализираа еднодневна посета на Специјалната болница за душевни болести – Демир Хисар, каде се запознаа со организацијата на работата во оваа специјализирана установа. При посетата ги посетија следните оддели:
Оддел за превенција и третман на алкохол;
Оддел за акутни ургентни состојби во психијатријата;
Акутно женско одделение;
Акутно машко одделение;
Оддел за продолжено лекување, рехабилитација и ресоцијализација;
Женско хронично одделение;
Оддел за психогеријатрија;
Оддел за рехабилитација (со ликовен, музички и кабинет за работна терапија, библиотека, спортска сала).










