За време на четиригодишното образование учениците од профилот забен техничар се стекнуваат со знаења од општообразовните предмети, стручните предмети, практични знаења и вештини. На тој начин учениците стекнуваат посебна одговорност за грижата на човекот и неговото здравје, се запознаваат со општите начела и правила на забниот техничар, како и сите улоги што ги има тој и правилниот однос кон пациентите. По завршувањето на образованието учениците од профилот забен техничар имаат можност да се вработат во здравствени институции и приватни стоматолошки ординации. Исто така, можат да го продолжат своето образование на стоматолошки факултет и факултетите за медицински науки. Практичната настава започнува во втора година, се одвива во соодветен кабинет, опремен со инструменти и апарати, потребни за изработка на дентални протетички помагала.

Предвидена е феријална пракса.
Преку практичната настава учениците се стекнуваат со следниве знаења:
-моделирање морфолошки заби од гипс, совладувајќи ја нивната анатомија и морфологија;
-израборување работни модели за фиксна и мобилна протетика;
-киветира, фасетира, обработува и полира фиксно-протетски и мобилни помагала;
-изработување тотални и парцијални акрилатни протези;
-изработувње скелетирани парцијални протези;
-изработување едноделно леани протетички конструкции;
-изработување инлеи, онлеи и леани надградби;
-изработување соло коронки од метал керамика (естетски коронки).
Забниот техничар изработува фикснопротетички конструкции, мобилни протетички изработки, мобилни ортодонтски апарати, комбинирани протетички конструкции. Тој ја планира и организира работата во заботехничка лабораторија, ги координира активностите со стоматолошкиот тим. Подготвува апаратура, инструменти и материјали за соодветни изработки, води медицинска документација и евиденција. Забниот техничар работи како дел од тим според договорен план на терапија, има навремен, совесен и одговорен пристап кон работата, почитува протоколи за доверливост и професионална работа. Континуирано се усовршува и професионално се надоградува.






















