Известување за дополнителна и додатна настава –
Член 17
Дополнителна настава се организира за ученици кои покажуваат
континуирано слаби резултати во учењето, особено ако:
- Имаат најмалку две слаби оценки
- Имаат слаби резултати по одреден наставен предмет
- Отсуствуваат од настава по одреден наставен предмет
- На барање на ученикот или неговиот родител/старател
Наставникот кој ја реализира наставата по наставниот предмет ги
задолжува учениците од став1 алинеа1 на овој член за посета на
дополнителна настава (Имаат најмалку две слаби оценки), а за учениците од
став 1 алинеа 2 и 3 на овој член, дополнителна настава се организира по
проценка на наставникот.
Ученикот упатен на дополнителна настава во текот на еден месец
посетува дополнителна настава најмногу по два наставни предмети, со
најмногу четири наставни часа по наставен предмет.
Доколку ученикот за кој наставникот одредил задолжителна
дополнителна настава не ги посетува часовите по дополнителна настава,
ученикот добива неоправдан изостанок.
За упатувањето на ученикот на дополнителна настава, наставникот
задолжително го известува родителот/старателот.
Член 17а
Додатна настава се организира за учениците кои постигнуваат
значителни резултати по оддлени наставни предмети (талентирани ученици).
Додатна настава за учениците од став 1 на овој член наставникот е
должен да им ја понуди на учениците, а учениците одлучуваат дали ќе ја
посетуваат додатната настава.
Член 17б
Училиштето најдоцна до 20ти септември во тековната година треба да
истакне распоред за дополнителна и додатна настава за секој наставен
предмет, на видно место во училиштето и истиот да го достави до Државниот
просветен инспекторат.
За наставникот кој неоправдано нема да ја реализира дополнителната и
додатната настава, согласно распоредот од став 1 на овој член, ќе се поведе
постапка за дисциплински престап.
За дисциплински престап од став 2 на овој член на наставникот му се
изрекува дисциплинска мерка – парична казна од 10% до 30% од
едномесечниот износ на нето платата исплатена на наставникот во месецот
пред извршување на дисциплинскиот престап, во траење од три до шест
месеци.
Одлука за изрекување на парична казна донесува директорот по
претходно сослушување на работникот.
Против Одлуката на директорот наставникот има право на приговор во
рок од 8 дена од приемот на решението, до Училишниот одбор.









