Свечена академија организирана од страна на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас”.


Стручните наставници Елизабета Грујоска Марковска и Билјана Данчевска со успешно учество се здобија со сертификати
Нови нагледни средства за учениците од забен техничар


Во рамки на теренските истражувања што ги спроведува Здружението за истражување и заштита на лилјаци од Германија, во периодот од 4 до 16 мај во Националните паркови Пелистер и Галичица, денес се одржа едукативен настан во заедничка организација на ЈУ Национален парк Пелистер и ЈУ Национален парк Галичица.
Настанот се одржа на локацијата Бегова Чешма, каде што беа поставени четири мрежи за фаќање лилјаци — метод што се користи при научни истражувања за проучување на овие важни ноќни цицачи. Нашите ученици имаа можност да се запознаат со биологијата и екологијата на лилјаците, како и да учествуваат во практична демонстрација на методологијата што ја користат истражувачите.
Овој едукативен пристап претставува мост меѓу науката и образованието, овозможувајќи им на младите директен контакт со теренска работа и подигање на свеста за значењето на заштитата на лилјаците и нивната улога во екосистемот.






Практична настава во Медицинско!
Батерија од лимони, III-3 на час по хемија ![]()
![]()

МАССУМ Кавадарци 2025!
Во конкуренција од 40 средни стручни училишта од државата, учениците од нашето училиште имаа можност да се натпреваруваат со своите врсници од цела Македонија, во повеќе категории. Ова се освоените награди!
– Прво место: Серва![]()
– Прво место: Најдобар штанд![]()
– Второ место: Интервју за работа на англиски јазик![]()
– Трето место: Најдобар бенд![]()


Под мотото „Не суди по тишината – зад неа се крие свет полн со идеи“, ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ беше дел од трибина посветена на подигнување на свеста за аутизмот.

По повод 7 Април, Светскиот ден на здравјето, во организација на учениците од ученичката компанија MedConnect Virtual Care, изминатата недела беа организирани повеќе активности и едукативни работилници за подигање на свеста за здравите животни навики кај најмалите, превенција и редовни здравствени контроли кај постарите граѓани.
Благодарност до градинката „Пеперутка“ и „Еурофарм“.
Велес, 10.4.2025 год.
УСПЕШНО ПОМИНАТ СЕЛЕКЦИОНИОТ РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР на Ученички компании во организација на Junior achievement Macedonia.
MedConnect Medical Care

На часовите по Козметологија, учениците од смерот Фармацевтски техничар под менторство на професорката Билјана Чапрагоска, подготвуваат козметички препарати.

Хуманитарен Божикен маркет
Собраните средства беа донирани во една од институциите за деца со посебни можности, се донираа: 3 прочистувачи на воздух, 6 постелнини, 6 ќебиња и 6 перници за учениците во интернатот, 51 новогодишно пакетче за овие деца.



МЕДИЦИНСКО ДИШИ ЧИСТ ВОЗДУХ![]()
По наша иницијатива, со дел свои средства и поддршка од општествено одговорната компанија Синпекс, како донација, се набавија прочистувачи за воздух за секоја училница од нашето училиште. Во сезона на загаден воздух, преку преземање иницијатива за справување со истиот, грижата за учениците ни е на прво место! ![]()
Чистиот воздух е основа за здравје и здрав живот, основно човеково право, тој има непроценливо значење за здравјето и благосостојбата на нашите ученици и наставници. Со чист воздух до поголема концентрација и подобри резултати во учењето. ![]()

Настан во организација на Про Локал Pro Local , „Зајакнување на капацитетите на младите за застапување и лобирање пред носителите на одлуки на локално ниво“, од програмата за млади на Општина Битола.

Учеството на учениците од ОСМУ „Д-р Јован Калаузи” на маршот по Широк Сокак, за Меѓународниот ден на лицата со попреченост – 3 декември во организација на Лајонс Клуб Кабадаја

По повод одбележувањето на Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА и Меѓународниот ден за лица со попреченост, во полн ек нашите ученици и нивните професори учествуваа во низа активности, кампањи и работилници со цел подигање на свеста и поддршка за значењето на овие денови, со јасни пораки за ставање крај на стигмата и за зголемена пристапност и пристрасност за лицата со попреченост.










