ПРАВИЛНИК ЗА ИЗРЕКУВАЊЕ ПЕДАГОШКИ МЕРКИ
Педагошките мерки на учениците се изрекуваат врз оснаова
на Упатството за изрекување на педагошки мерки донесено од
Министерство за образование и наука на Република Македонија и
Статутот на училиштето.
Цел на овие мерки е спречување на повреда на должностите и
неисполнување на обврските и должностите и неисполнување на
обврските во согласност со Законот за средно образование.
Педагошките мерки се изрекуваат во индивидуално, во
присуство на родителот, класниот раководител на ученикот и по
анализа на околностите кои довеле до тоа.
На ученикот му се изрекуваат следните педагошки мерки:
- писмена опомена;
- опомена пред отстранување од училиштето;
- отстранување од училиштето.
Педагошките мерки се изрекуваат постепено, заради
направени неоправдани изостаноци или дисциплински испад.
Скала на неоправдани изостаноци и соодветни педагошки
мерки:
11-14 неоправдани изостаноци- писмена опомена од класен
раководител
15-18 неоправдани изостаноци-писмена опомена од совет на
паралелка
19-22 неоправдани изостаноци-писмена опомена од директор на
училиштето
23-25 неоправдани изостаноци – писмена опомена од наставнички
совет
Педагошките мерки се изрекуваат и во случај да ученикот
предизвика дисциплински испад. Во тој случај се анализира
извршеното дело и се изрекува педагошка мерка која соодветствува
на тежината на извршеното дело.









