2.1 Однесување на ученикот во училница
- Влегува навреме по звукот на ѕвончето
- Носи училишна униформа препознатлива за училиштето по што не се издвојува
од другите соученици - Со своето совесно и коректно однесување придонесува за дисциплината на
часот - Има слобода во изразувањето без притоа да ја повреди личноста на
наставникот и на своите соученици - Не вклучува и користи мобилен телефон или уреди со слична технологија
- Не внесува храна и пијалоци во училницата
- Не влегува и не го напушта часот без дозвола на наставникот
- Коректно и одговорно се однесува кон личноста на наставникот и своите
соученици - Се грижи за личната и хигиената во училницата и одговорно се однесува кон
целокупниот инвентар во училницата и ѕидовите - За време на писмени работи, тестови, испити се однесува коректно и чесно
- Носи потребен прибор и материјали за полна подготвеност на часот
2.2 Однесување на ученикот на часот - влегува навреме по звукот на ѕвончето
- носи пристојна облека препознатлива за училиштето (училишна униформа) по
што не се издвојува од другите соученици - со своето совесно и коректно однесување придонесува за дисциплината на
часот - има слобода во изразувањето без притоа да ја повреди личноста на
наставникот и на своите соученици - не вклучува и користи мобилен телефон или уреди со слична технологија
- не внесува храна и пијалоци
- не внесува оружје во училиштето
- не влегува и не го напушта часот без дозвола на наставникот
- коректно и одговорно се однесува кон личноста на наставникот и своите
соученици
2.3 Однесување во училишниот двор и училишната зграда (холот, тоалетите)
ученикот: - совесно и одговорно се однесува кон училишниот имот и материјалните добра
во и надвор од него (не уништува, не крши, не испишува графити или натписи со
слични содржини) - достоинствено и пристојно се однесува кон другите ученици и персоналот на
училиштето - внимава и се грижи за личната и хигиената на училиштето, фрла отпадоци на
определено место - се движи по дефинирани патеки и седи на места предвидени за тоа
- се грижи за зеленилото во дворот
- не консумира и не поседува, алкохол, цигари и други наркотични и токсични
супстанци - креира пријатна училишна атмосфера со својот говор, држење и однесување
- не поседува предмети и супстанци кои можат да ја загрозат личната и
безбедноста на другите лица - навреме доаѓа в училиште
- носи пристојна облека препознатлива за училиштето (училишна униформа) по
што не се издвојува од другите соученици - коректно и непристрасно пријавува инциденти или насилства до лица од
училишниот персонал - не применува психичко, физичко и вербално насилство врз други лица
- ја почитува приватната сопственост и сопственоста на другите (не краде и не
поседува туѓи предмети) - има слобода во изразувањето без притоа да ја повреди сопствената и туѓа
личност - несебично помага на лица со инвалидитет или со посебни потреби
2.4 Однесување на ученикот во училница со компјутери - седи на место предвидено за него (реден бр. или по др. редослед)
- користи компјутер само со дозвола на наставникот и по завршеток на работата
го исклучува - совесно и одговорно се однесува кон компјутерите, опремата и при работа на
неговиот компјутер - се грижи за исправноста на опремата и сите проблеми ги пријавува кај
наставникот - користи Интернет само за потребите на наставата и со дозвола на наставникот
- не снима, игра или врши други активности кои ја попречуваат работата на часот
- лично е одговорен за сите податоци кои ги остава на прелистуваните ВЕБ страни
- не презема самоиницијативно поправка на дефекти на опремата (само со
дозвола на одговорно лице)
2.5 Однесување на ученикот во лабораторија (кабинет по физика, хемија или
биологија) ученикот: - внимава на целокупната опрема во лабораторијата
- нема пристап до супстанци, уреди или др. апаратура без дозвола на наставникот
- се грижи за хигиената во лабораторијата и по завршеток на активностите го
средува работното место - не користи запалки и друг вид на запаливи и токсични материјали
- внимателно го истура отпадот на места прдвидени, според стандарди, за тоа
- внимателно следи инструкции од наставникот за време на експериментирање во
училницата
2.6 Правилник за однесување на ученикот во соблекувална, спортска сала и спортски
терени - носи спортска облека (дрес, тренерки, патики..) назначена од наставникот
- во соблекувална се соблекува и облекува и таму ги остава своите работи за
време на часот - одговорен е за безбедноста на своите и туѓи работи оставени во соблекувалната
додека е во сала - во сала или на спортските терени влегува исклучиво во спортска облека
- внимава на спортските реквизити и на целокупната опрема во салата и на
терените - при повреда го известува одговорниот наставник
- часот завршува кога наставникот ќе соопшти дека истиот завршил
- коректно и спортски се однесува за време на натпреварите или друг вид
спортски игри - се грижи за личната и хигиената во салата и соблекувалната
2.7 Во училишната библиотека ученикот: - се зачленува во библиотека за да позајмува потребна литература
- зема книги и друг материјал само со потпис на одговорно лице – библиотекар
- во предвиден рок ја враќа земената литература на одговорното лице
- совесно и одговорно се однесува кон земениот материјал (не го уништува, не
шкрта)
2.8 Во административни простории (наставничка канцеларија, канцеларија на
директор, педагошко-психолошка служба, секретар и благајник) ученикот: - влегува со училишна униформа
- внимава на својот речник и држење
- ги поздравува присутните и ги искажува своите барања
- не влегува без дозвола на присутно лице (наставник, директор, секретар,
одговорен на смена)









