На 15.4.2025 година, нашите ученички од IV-5, Елена Коруноска и Мила Бошевска, учествуваа на Social Day организиран од страна на невладината организација „Младите можат”. Практична настава ја заменија со еднодневна пракса изведена во лабараториите на ПЗУ „Д-р Костурски” во Битола


одбележување на „Светскиот ден на здравјето“. Учениците им испратија топли пораки на минувачите: да си го чуваат своето здравје, со здрава храна, прошетки во природа и многу насмевки. Да уживаме во животот, да се чуваме и да се радуваме на истиот.




По повод Светскиот ден на здравјето, во нашето училиште се одржа предавање под мотото „Здравјето е најголемо богатство”, од доктор Андријана Николовска, која е лекар во битолската Итна медицинска помош, воедно и наша поранешна ученичка.


работилница на тема “Имедијатна имплантација во фронтална регија“



Едукација и работилница на темата „Имедијатна имплантација во фронтална регија“, предводена од примариус доцент доктор Данчо Бизевски, специјалист по орална хирургија, и тимот од професори,
примариус доцент доктор Жаклина Менчева, доцент доктор Сашо Стојковиќ од МИТ Универзитет – Скопје.
Pосета од две наши поранешни ученички, кои денес се реализирани стручњаци во својата област: Ребека Алексовска, главна медицинска сестра и спец. д-р Маргарита Камбовска, педијатар.
Тие со учениците споделија искрени и инспиративни приказни за својот пат од нашите училишни клупи до нивниот професионален успех


Ретко Е Да Си Редок. 28.2.2025 Ден на ретките болести. Овој ден го одбележавме со поддршка од професорите и учениците на медицинско.
Ретко е да си редок!
Ретките се горди!



Фармацевските техничари од на вежбите по фармацевтска технологија изработија крем за раце со хидратантно дејство.
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патишта (РСБСП), денес во нашето училиште реализира кампања „Младите, алкохолот и (НЕ)безбедноста во сообраќајот“ за поголема безбедност на младите во сообраќајот – посветена на матурантите, под мотото „На матурска вечер без автомобил“.
Кампањата има за цел да испрати силна порака до младите – да не седнуваат зад воланот доколку консумирале алкохол, туку на матурските прослави да користат јавен превоз, такси, односно да не управуваат со возило.

Посета на Одделот за централна стерилизација во Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски” – Битола.

Ни беше особено задоволство и радост да присуствуваме на новогодишната работилница, организирана за учениците од ОУРЦ Кочо Рацин – Битола.

во просториите на Високата медицинска школа се одржа предавање на тема „Минимална инвазивна ендокрина хирургија – Специјализација со висока технологија, со цел да се постигнат оптимални резултати”, од страна на професор Теодосиос Папаврамидис од Аристотел универзитетот во Солун.










