Со куќниот ред се регулира редот, дисциплината, односите меѓу учениците,
наставниците и наставата во Училиштето
Според Законот за средно образование и воспитание, како и Статутот на
Училиштето, учениците имаат права кои ги остваруваат преку наставата и
другите облици на воспитно-образовна работа, а истовремено имаат и
обврски коишто треба да ги исполнуваат и почитуваат.
- Училиштето работи во две смени. Прва смена од 7.15 – 13.30 втората смена
од 13.30 – 19.30 - Учениците доаѓаат на настава најдоцна пет минути пред почетокот на
наставата. - По завршување на наставата учениците ја напуштаат училишната зграда,
освен во случај на воннаставни активности - Учениците не минуваат низ службениот влез на училиштето.
- Сите потреби од административен карактер учениците ги остваруваат
исклучиво преку класните раководители (потврди, уверенија и сл.) - Ученикот како субјект во воспитно-образовниот процес да има јасна слика за
својата положба и улога во училиштето и да ги знае своите права и
одговорности и да се прилагодува на новите барања - Учениците да ги почитуваат законските одредби и одлуките на органите во
училиштето и пошироко - Секогаш да служи за пример со својот изглед и однесување и да формира
културни и естетски навики, да внимава на својот морален лик - Да се почитуваат аргументите на другите и да не се даваат непристојни
коментари
10.Секој ученик треба да биде ценет како личност без огледа на неговите
способности, талент, пол, раса, култура, традиции, националност,
вероисповест и социјална положба
11.Ученикот да има совесен, одговорен и хуман однос кон сите во училиштето
12.Да ја почитува личноста на своите соученици, наставници и родители и да ја
цени меѓусебната зависност на индивидуи и групи
13.Ученикот кој од оправдани причини ќе задоцни на настава до пет минути,
предметниот наставник е должен да го прими на часот, да евидентира во
дневникот дека задоцнил, а кл.раководител да го регулира изостанувањето.
Подолго изостанување од часовите нема да се толерира, односно на
ученикот нема да му биде дозволено да влезе на часот.
14.Учениците се должни задолжително да ја носат работната облека
(униформа) за цело време на наставните часови и за време на одморите.
15.Во случај кога наставникот од било која причина не е на часот подолго од 10
минути, потребно е дежурниот ученик да го извести раководителот на
смена, заради регулирање на часот.
16.Додека трае часот, забрането е излегување од часот и шетање низ ходници
за да не се наруши текот на наставата
17.За време на наставата потребно е во училишната зграда да има работна
дисциплина.
18.Се забранува групно и индивидуално напуштање на часови. Поради истото
на учениците ке им бидат изречени педагошки мерки. Заради групно или
индивидуално напуштање на часови, на учениците им се изрекуваат
педагошки мерки
19.Оние паралелки кои групно ке го напуштат часот нема да дежураат во текот
на годината.
20.Должност на сите ученици е да ја одржуваат хигиената во училниците,
ходниците, тоалетните простории.
21.Најстрого е забрането пушење во училиштето и внесување на дрога и
алкохол.
22.Најстрого се забранува непочитување, нарушување на личноста и угледот и
физичкиот интегритет на соучениците, вработените и наставниците во и
надвор од училиштето
23.Најстрого е се забранува предизвикување на тепачки, а меѓусебните
недоразбирања учениците да ги решаваат на другарски начин, сами или во
рамките на Класната заедница, или во соработка со раководителот на
паралелката.
24.Должност на сите учениците е културно и домаќински да се однесуваат кон
училишниот имот, кабинетите, компјутерите, училишнииот
инвентар,инсталациите и сл. Секоја направена штета ќе се надокнадува, а за
одредени штети се изрекуваат педагошки мерки според Статутот на
училиштето.
25.Должност е на сите ученици за време на одморите да внимаваат на
хигиената во холот на училиштето и во училишниот двор (отпадоци,
отпушоци да бидат фрлани во соодветни корпи за одпадоци)
26.Забрането е да се пишува во зградата на училиштето
27.Најдоследно да се почитува правилникот за употреба на учебниците, а тоа
значи:
- На почетокот на учебната година, сите ученици ќе добијат комплет
бесплатни учебници. - За истите ќе потпишат документ за што се обврзуваат да ги вратат во
исправна состојба - Учениците не смеат да ги оштетуваат, бележат и поцртуваат одредени
реченици или делови од текстот на учебникот - По завршувањето на наставната година, учениците се должни да ги вратат
учебниците неоштетени и во добра состојба - Ако ученикот не го врати комплетот на учебници или го врати општетен,
неговиот родител односно старател ќе ја надомести вредноста на комплетот
на учебници во висина од 70%
Секој ученик, во моментот на добивање на комплетот бесплатни учебници
ќе добие и список на нумерирани книги што ги содржи комплетот, упатство
за нивно користење, за одговорност при општетување, уништување или
губење на учебникот - Степенот на оштетување на учебниците ќе го утврдува комисја формирана
од страна на директорот
28.Најдоследно да се почитува правилникот за заштита и користење на
компјутерите кој се наоѓа во кабинетот по информатика (истиот треба да се третира од
секој предметен наставник, а за истото да се евидентира во дневникот)
29.Посебно место во животот и работата на учениците во училишната зграда
треба да зазема развивањето на еколошката свест и чувањето на работната
средина во и надвор од училиштето
30.Забрането е користење мобилен телефон за време на часовите, истиот мора
да биде исклучен.
31.Изостанувањата учениците, нивните родители ги оправдуваат во рок од два
дена
32.Учениците во училиштето кои се истакнуваат со својата раабота, успех и
поведение, ќе бидат пофалени и наградени.
33.Пофалбите, дипломите на наградените ќе им бидат доделувани на крајот на
наставната година









